За да се рекламирате треба најпрво да се регистрирате во Keepaneye. Откога ќе се регистрирате и се логирате ги правите следните чекори за да креирате реклама.

I. Кликнете на копчето или менито „креирај нова реклама“

II. Изберете го форматот на рекламата која сакате да ја направите. Можете да креирате оглас само со текст или оглас со слика и текст

1. КРЕИРАЊЕ НА РЕКЛАМА САМО СО ТЕКСТ

Чекор 1

Пополнете ги полињата при што: полето „име“ е име на рекламата кое се користи за да ги разликувате рекламите кои сте ги креирале, пример Текст оглас за Продукт Х. Вредноста што ќе ја внесете овде нема да се појави во огласот.

Чекор 2

Во „линк на рекламата“ внесете УРЛ од веб страница која ќе се отвори откако некој ќе кликне врз рекламата.
Пр. www.imenasajtot.mk

Чекор 3

Во полето „наслов“ се внесува насловот или слоганот на рекламата кој ќе се појави над текстот од рекламата.

Чекор 4

Во полето „текст“ се внесува содржината на рекламата. За најдобар ефект содржината на рекламата треба да содржи некаков повик за акција пример: Ексклузивен попуст на ....до .... , Најевтин ...., ограничен број на..., најдобар квалитет на.... и слично

2. КРЕИРАЊЕ НА РЕКЛАМА СО СЛИКА И ТЕКСТ

Чекор 1

Пополнете ги полињата при што: полето „име“ е име на рекламата за да може да ги разликувате рекламите кои сте ги креирале, пример Оглас со слика и текст за Продукт Х. Вредноста што ќе ја внесете овде нема да се појави во огласот.

Чекор 2

Во „линк на рекламата“ внесете УРЛ од веб страница која ќе се отвори откако некој ќе кликне врз рекламата.
Пр. www.imenasajtot.mk

Чекор 3

Во полето „Текст“ се внесува содржината на огласот. За најдобар ефект содржината на рекламата треба да содржи некаков повик за акција пример: Ексклузивен попуст на ....до .... , Најевтин ...., ограничен број на..., најдобар квалитет на.... и слично

Чекор 4

Со кликнување на копчето „слика“ се прикачува слика на огласот. Откако ќе се отвори прозорчето треба да го изберете фајлот со сликата од Вашиот компјуетер и да притиснете на копчето „open“ за да се прикачи сликата во системот. Димензиите на сликата треба да бидат 50х50.

3. АКТИВИРАЊЕ НА РЕКЛАМА

Чекор 1

Откако сте ги креирале рекламите треба истите да ги активирате за рекламите да се постават на сајтовите кои соработуваат со keepaneye. За да ги активирате рекламите треба да имате одобрено буџет во keepaneye. Доколку немате средства во keepaneye можете да побарате средства преку копчето „побарај средства“.

Чекор 2

За да ја активирате рекламата кликнете на менито „огласи“ и притиснете на копчето „активирај“ на рекламата која сакате да ја активирате. Доколку имате средства на располагање треба дел од средствата да ги намените за рекламата. Минимални средства за активирање на реклама се 1000 денари.

Чекор 3

Рекламата можете да ја ограничите со дневен буџет. Пример ако ставите буџет на рекламата од 3000 денари и дневен буџет од 500 денари рекламата ќе трае минимум 6 дена, а доколку дневниот буџет не се потроши во текот на денот, средствата ќе се префрлат во буџетот на следниот ден.