Интернетот во Македонија е се поатрактивен простор за да се рекламирате. Стотици илјади интернет корисници ги посетуваат македонските интернет страници за да се информираат, за да се забавуваат, за да купуваат. Сите тие се потенцијални клиенти за вашиот продукт. Многу поевтино, поедноставно и попрактично вие го доближувате вашиот продукт до огромен број потрошувачи. И што е еднакво важно, добивате многу поголема контрола врз процесот и ефектите на рекламирањето.

Keepaneye.mk ви нуди:

Рекламирање со мал трошок, а голем ефект

  • Стотици илјади корисници локално и глобално ја гледаат вашата реклама.
  • Изработката и прикажувањето на рекламата се многу поевтини во споредба со рекламирањето во конвенционалниот тип медиуми.
  • Можете да огласувате по специфични категории на посетители на сајтовите или по клучни зборови.

Мерливи параметри за вашата реклама

  • Вие можете да видите колку пати била видена Вашата реклама и колку луѓе кликнале на неа за да ја посетат вашата веб страница и да се информираат за вашиот продукт.
  • Сите статистики се прегледни и системот ги прикажува како практични статистички табели и графикони кои ви ги даваат најважните информации по час/ден/месец или година.

Можност да внесувате промени

  • По однос на кои сајтови ќе се рекламирате
  • По однос на буџетот – во случај да сакате да го зголемувате или да го намалувате
  • Можете да менувате детали (наслов, текст, слика) на реклама која веќе се прикажува

Бесплатна административна и оперативна поддршка

  • Ние не наплатуваме никакви дополнителни трошоци за одржувањето и поддршката. Во keepaneye.mk нема екстра трошоци за поставување, нема трошоци за продолжување или прекинување на огласувањата или кампањите, нема трошоци за евентуална помош при администрирањето и внесувањето на некои промени.

Плаќајте малку, а рекламирајте се многу

  • Интернет рекламирањето Ви нуди директен контакт со Вашите клиенти. Преку Вашите интернет реклами интернет посетителите од целиот свет можат да пристапат до веб сајтот на Вашата компанија, продуктот или услугата, со што директно се остварува врска помеѓу Вас и потрошувачот. Придобивките се мерливи веднаш.