Општи услови при продажбата за користење на интернет страницата Keep an Eye

1. Општи одредби

а. Овие општи услови за продажба (во натамошниот текст ОУП) на давателот на услугата Keep an Eye, со седиште на ул. Прашка 23, 1000 Скопје, во понатамошниот текст "Keep an Eye" или "услуги"), ги регулираат заемните односи, правата и обврските на клиентот (како што е дефинирано подолу) и давателот на услугата (како што е дефинирано подолу).

б. Условите за употреба се однесуваат на било кое лице (во понатамошниот текст "клиент"), коe е регистрирано на веб сајтот www.keepaneye.mk (во понатамошниот текст "Сајт"), со цел користење на системот Keep an Eye или други понудени услуги во висина на договорениот паричен износ. Под услуги (во натамошниот текст "Услуги") се подразбираат промотивните интернет услуги кои овозможуваат да се креира оглас за огласувачите кој ќе биде поставен на веб сајтовите на клиентите се цел да бидат прикажани огласите дадени од страна на клиентите на партнерските веб сајтови. Врз основа на постоечкиот договор давателот на услугата се обврзува да ги исполнува договорените барања, да ги обезбеди потребни услуги на клиентот, а клиентот се обврзува да го исплати соодветниот надоместок за дадените услуги.

в. ОУП се составен дел од договорот меѓу давателот на услуги и клиентот. Со потпишување на договорот клиентот се согласува со сите права и обврски во согласност со Условите за Користење. Обезбедувањето на услугите се предмет на правилата за користење на одредени системски услуги, кои се објавуваат на веб сајтот Keep an Eye (во натамошниот текст "Правила"). Со регистрацијата на овој сајт, клиентот ја потврдува својата согласност со сите одредби, вклучувајќи ги и правилата и потврдува дека детално е запознаен со нив, во целост ја разбира нивната содржина и дека е согласен со истите. Соопштението за условите за користење вклучувајќи ги и OУП значи прифаќање на правилата, освен ако тоа не е определено поинаку.

2. Регистрација и склучување на договорот

а. Договорот е склучен кога клиентот го пополнува формуларот за регистрација и го испраќа на давателот на услугата и истиот е одобрен од страна на администраторот. Предлог формуларот е во форма на договор на давателот на услугата, кој е формулар за регистрација на веб сајтот и се наоѓа во делот "регистрација", во кој клиентот е должен да пополни точни и целосни информации за бараните податоци, да потврди со кликнување во соодветниот дел од формуларот за регистрација - "Регистрирај се" (дел кој одговара со целосно име и презиме на клиент - физичко лице или овластен претставник на клиентот - правно лице кое е избран за името на апликацијата и лозинка). Клиентот е должен да ги прегледува и обновува информациите доколку е потребно на корисничката сметка на Keep an Eye, и доколку некои информации недостасуваат Keep an Eye има право да ги побара за време на регистрацијата односно фактурирањето. Давателот на услугата има право во секое време го прекине обезбедувањето на услугата, доколку информациите што ги доставил клиентот не одговараат со податоците добиени од регистрацијата, на пример. ако таквите информации не се правилно пополнети или точни.

б. Давателот на услугата по потврдувањето на регистрација, го известува клиентот со електронска пошта за неговата регистрација и дали таа е прифатена. Оваа информација е потпишана од страна на давателот на услугата. Договорот стапува во сила по регистрацијата на клиентот и неговото прифаќање на правата и обврските во согласност со овие услови.

3. Сметка, кредит

а. Сметка

По завршувањето на регистрацијата, давателот на услуги ќе направи електронска сметка на клиентот во системот на Keep an Eye, на која ќе бидат евидентирани уплатите на клиентот од кои давателот на услугата ќе биде овластен да ги користи за дадените услуги. Услугите секогаш ќе бидат тарифирани според ценовникот на Keep an Eye. Тековниот ценовник е секогаш достапен на веб сајтот, а клиентот може да поднесе писмено барање до давателот на услугата за истиот да биде испратен на поштенската адреса на клиентот. Клиент се согласува дека пред потпишувањето на договорот е запознаен со моменталната ценовна листа, која важи во времето на потпишувањето на договорот. Максималната цена која ја пресметува давателот на услугата, ја одредува клиентот, во согласност со договорот и правилата.

б. Кредит

Неопходен услов за клиентот да ги користи услугите на Keep an Eye е позитивната состојба на неговата сметка (во понатамошниот текст "кредит"), чиј износ е доволен да ги покрие трошоците на еквивалентните услуги. Клиентот се согласува за купување на кредит во минимален износ утврден од страна на давателот на услугата на интернет сајтот. Купување кредити се смета за готовински депозит на сметката на давателот на услуги. Потврда за плаќање клиентот ќе добие во рок од 15 дена по приемот на уплатата на сметка на давателот на услугата и тоа со електронска содржина, што одговара на даночниот документ. Доколку клиентот побара писмена потврда, давателот на услугата треба да му достави соодветен документ со препорачана пошта. Освен ако не е договорено поинаку, клиентот не е должен повторно да купи или да го зголеми кредитот, откако е целосно потрошен.

в. Валидност на кредитот

Кредитот е валиден 365 дена од последниот клик на сметката. Кредитот, кој нема да се искористи во наредните 365 дена истекува. Компанијата МЕДИА СОЛУТИОНС ДООЕЛ е должна најмалку 30 дена однапред да го информира клиентот за состојбата на неговата сметка.

г. Враќање на останатите кредити

Еднаш купениот кредит не се враќа.

д. Автоматско надополнување

Клиентот кој на својата сметка ја активира услугата "Автоматско надополнување" и врз основа на оваа активација добие фактура, должен е да ја плати на време и во полн износ. Во случај ваквите фактури да не бидат платени на време друштвото има право да наплаќа камата за задоцнување, во согласност со закон.

4. Промена на услугите

Договорните страни се согласни дека обврска на Keep an Eye e обезбедување на соодветните услуги за клиентот. Давателот на услуги не е должен да обезбеди услуги под сите околности, и е овластен да го промени опсегот на услови или услуги, вклучувајќи го и нивното завршување, ограничување на пристапот до нив, поради технички причини и без да даде причини. Во овој случај, давателот на услугата ќе вложи максимални напори со цел клиентот однапред да е информиран на настанатите промени (кои вклучуваат намалување на услуги или други ограничувања на нивното обезбедување, за да клиентот да не биде доведен во нерамноправна положба). Освен ако не е договорено поинаку, клиентот не може да се здобие со никакви права надвор од правата наменети во договорот и ОУП кои му се загарантирани. Давателот на услуги ќе ги информира клиентите по пат на електронска пошта за било каква промена во врска со услугите, како и релевантни информации за промена, следење или завршување на услугите. Доколку клиентот не се согласува со горенаведените промени при обезбедувањето на услуги, должен е да го извести давателот на услуги во писмена форма во рок од пет дена од денот на објавувањето на промената. Прописно примените информации во врска со несогласувањето, им дава право на давателот на услугата и клиентот веднаш да го прекинат договорот. Ако клиентот не го извести давателот на услуги за своето несогласување во писмена форма, ќе се смета дека ја прифатил промена, и оваа промена стапува во сила во рок од пет дена од денот на објавувањето. Ако клиентот продолжи да ја користи услугата и по објавувањето на овие промени, се смета дека се согласува со извршените промени.

5. Лозинка и заштита

Пристап до услугите и можност за нивно користење е можно само преку комбинација на корисничко име и лозинка, определена од страна на корисникот за време на регистрацијата. Клиентот е должен да го чува во тајност своето корисничко име и лозинка, пред сè, за да се ограничи пристапот на било која трета страна и неовластено користење на услугите. Клиентот е должен уште веднаш да го извести давателот на услугата со испраќање порака до неговата електронска адреса marketing@mediasolutions.mk за секоја злоупотреба на корисничкото име и лозинка.

6. Сопственички права

а. "КееpanEye" е заштитен знак на Друштвото за производство, услуги и трговија на големо и мало МЕДИА СОЛУТИОНС ДООЕЛ. Освен ако не е експлицитно наведено поинаку, клиентот не е овластен без претходно одобрение од страна на давателот на услугата да го користи овој заштитен знак или било кој друг заштитен знак или трговска марка поврзани со давателот на услугата, ниту да користи некоја слична марка, трговска марка или ознака.

б. Клиентот мора веднаш, штом дознае за потенцијална закана од незаконска употреба или незаконско користење на трговската марка или друг знак, кој е наведен во ставот 6а., од трета страна, да го информира за тоа давателот на услугата.

в. Со склучувањето на договорот помеѓу клиентот и Keep an Eye, како и со користење на услугите опишани во овој документ, клиентот не може да стекне било какви авторски права и права од индустриска сопственост врз знаци, жигови, индустриски дизајни, заштитни знаци, дизајни и слично кои ги користи давателот на услугата.

7. Правила на работење

а. Заштита

Во согласност со законот, клиентот се согласува и обврзува дека:

I. Е одговорен за дејствијата на секое лице кое го користи неговото корисничко име и лозинка и е одговорен за содржината на нивните реклами во системот Keep an Eye, или за било какви информации кои се доставени до Keep an Eye за да се обезбедат услугите.

II. Ќе се придржува кон важечките закони и прописи кои се однесуваат на одредбите на законот за заштита на личните податоци, законот за авторски права, законот за електронските потписи како и други релевантни прописи.

III. Нема да пополнува неточни, нецелосни или лажни информации, нема да се претставува како трета личност или правен субјект, или тоа неовластено да го тврди, или на друг начин неправилно да прикажува односи со трети физички или правни лица.

IV. Нема да ги користи услугите на Keep an Eye за цели кои се незаконски, неморални или не се во согласност со добрите деловни обичаи, јавната политика или моралните правила.

V . Клиентот со ова изјавува дека е автор на сите објавени текстуални реклами преку својата сметка во системот на Keep an Eye.

б. Содржина

Клиентот се согласува и е обврзан дека:

I. Нема да објавува, промовира или пренесува преку посредник било какви незаконски, вознемирувачки, навредливи, заканувачки, штетни, вулгарни и порнографски содржини, содржина што поттикнува нетрпеливост (расна, етничка или верска), информации или други реклами или настани кои помагаат кривично или друго казниво дело, граѓанска непослушност, или на било кој начин го уништуваат правниот систем. Во случај на несогласување со природата на релевантните податоци, информации или други реклами одлучувачки критериум за оценување го има давателот на услуги;

II. Давателот на услуги нема да одобри рекламна содржина која клиентот ја осмислил/напишал или да преземе одговорност (вклучувајќи кривична одговорност) за било кој таков случај, комуникација или објавување спротивно на правилата на ОУП или законските прописи.

III. Во случај да се прекршат било кои од горе наведените правила, клиентот се изложува на опасност од казнување.

в. Интегритет на системот

Клиентот се обврзува и согласува со тоа дека:

I. На било кој начин нема да користи или дистрибуира фајлови кои содржат вируси, оштетени фајлови или било каков сличен софтвер или програми кои би можеле да го оштетат работењето на компјутерските системи на давателот на услугата или било кое трето лице.

II. Нема да се меша или на било кој начин доведува во опасност мрежите кои го поврзуваат со системот.

III. Нема да користи ниту еден уред, софтвер или програма, или со помош на други средства нема да се обиде да го наруши работењето на системот, услугите и/или било какви трансакции кои ги нуди овој веб сајт.

IV. Нема да направи ништо што ќе предизвика беспричинско или неразумно оптоварување на системот на услуги.

г. Клиентот се обврзува и согласува со тоа дека:

I. при користење на услугата да користи само технички средства за пристап и движење по сајтот и во системот на Keep an Eye кој му е овозможен од давателот на услугата;

II. во секој случај не смее да користи било какви автоматски средства (на пример, агенти, роботи, пајаци или скрипти).

8. Посебни одредби, одговорност при штета

Доколку клиентот открива или дава информации или други материјали со кои ги загрозува, или е во состојба да ги прекрши правата на трети лица, пред се авторски права, права на индустриска сопственост и права за заштита на лични податоци на физички лица, правилата за заштита на конкуренција и слично, давателот на услугата може да го блокира пристапот до услугите. Давателот на услугата не е одговорен за настанатата штета. Во таков случај, клиентот е должен веднаш да го обесштети давателот на услугата во износот и време наведено од страна на давателот на услугата.

Проценка за тоа кои информации и материјали укажуваат дека се нарушени или ограничени правата на трети лица е целосно во надлежност на давателот на услуги. Понатаму, Клиентот е должен, без одлагање, а на првиот повик од страна на давателот на услугата, на истиот да му ја надомести штетата која ја предизвика, како и да ги надомести докажаните трошоци или загуби кои давателот на услугата ги претрпел или имал поради кршење на правата на трети лица или неизвршување на договорот со клиентот или трети лица, за што одговара клиентот. . Под штета се подразбира било каков образложен и докажан износ, штета, загуба или трошок (вклучувајќи ги правните такси и ДДВ трошоците), кои ги одредил давателот на услугата или ги сноси поради кршење на правата на трето лице, за кои клиентот одговара.

9. Казна, надомест на штета

а. Договорна казна

Доколку клиентот прекрши некои од договорните обврски, должен е да му исплати на давателот на услугата договорна казна. Освен ако не е договорено поинаку, договорната казна се наплатува првиот ден по прекршувањето на договорните обврски на кои се однесува договорот. Обврската на клиентот да ја плати договорната казна нема влијание врз правото на давателот на услугата да бара дополнително надомест на штета.

б. Надомест на штета

Давателот на услуги не е одговорен пред клиентот или било која трета страна за штета настаната со користење на услугите (вклучувајќи и употреба на каков било дел (вклучувајќи нематеријални) на Keep an Eye системoт) или како резултат на некомпетентност или неможноста за употреба на услугата или како последица на противправен пристап до услугата, без оглед на тоа дали давателот на услугата бил предупреден на можноста за настанување на таквата штета.

10. Лични податоци

а. Клиентот со склучување на договорот со давателите на услуги се согласува дека ги дава на користење неговите информации (електронска адреса, телефонски број ) првенствено поради евиденција, контрола и маркетинг цели во рамките на маркетинг кампањата во период од 10 години од завршувањето на последниот договорен однос со давателот на услугата.

б. Клиент, исто така, се согласува дека давателот на услугата може да го објави неговото име и презиме или име на компанијата за промотивни цели на компанијата на давателот на услугата или да покажува дека е бизнис партнер на клиентот.

в. Клиентот, исто така, се согласува дека сите негови лични податоци, за горенаведените услови, ќе бидат користени од трети лица овластени од страна на давателот на услугата, и тоа најчесто на рекламните агенти кои работата со директ маилинг и службите на кол центрите за повремени маркетинг истражувања.

г. Обезбедување на лични податоци е доброволно. Клиентот има право да даде писмена согласност на адреса на давателот на услугите, а понатаму согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци кои се однесуваат на правото на пристап до личните податоци, кои се однесуваат на клиентот, дозволено му е да исправи, блокира или побара нивно бришење, како и право на паричен надомест, доколку му е повредено право на човековото достоинство, честа, угледот и право на заштита на неговото име. Отповикувањето на согласност има сила веднаш по нејзиното доставување до давателот на услугите. Давателот на услугата и понатаму е овластен во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, да ги обработува личните податоци до степен потребен за пребарување за својата евиденција се додека не се заврши периодот на отплата.

11. Престанок на договорот

Доколку во договорот не е наведено поинаку, договорот е потпишан за неодреден временски период. Овој договор може да биде раскинат поради причини наведени во него.

а. Отказ на договорот од страна на клиентот

Клиентот има право, во рок од 30 дена од денот на првата уплата на сметката на давателот на услуги, да го раскине овој Договор во секое време без да даде причини, кој претанок стапува на сила од моментот на доставувањето на писменото известување. Во таков случај, клиентот има право на остатокот на кредитот од неговата сметка во системот. Откако ќе му бидат исполнети сите барања на клиентот, давателот на услугата е должен, во рок од 35 работни дена од денот на приемот на писмено барање на клиентот, да го префрли преостанатиот износ на пари на банкарската сметка на клиентот, а кој мора да биде наведен во барањето за враќање на кредитот. Во други случаи, клиентот има право да го раскине овој Договор во секое време без да даде причини, доколку нема преостанати средства на сметката во системот.

б. Отказ на договорот од страна на давателот на услугата

Давателот на услугата е овластен да го раскине договорот со непосреден ефект од моментот на доставување на известувањето во писмена форма или по електронска пошта во следните случаи:

I. Не постои специфична причина, или:

II. Доколку клиентот (1) го прекршил договорот и оваа повреда според неговото мислење не може да се отстрани, бидејќи не настанала во рок од 5 дена по договорот, (2) свесно навел или оставил во договорот, или на друг начин погрешни или лажни информации; (3) ако врз клиентот е отворена или е во тек стечајна постапка или други ризици кои се закануваат на клиентот или на неговиот имот, (4) Ако не е дадена согласност за изработка на личните податоци во врска со ставот 10. д ОУП, или (5) ако не се согласува со промена во OУП. Во случај на престанок на договорот со отказ од страна на давателот на услугата, истиот е должен да ги пренесе назад останатиот износот на кредитот на клиентот од неговата сметка.

в. Заеднички одредби

Во случај на раскинување на договорот, на клиентот не му е дозволено да продолжи да ги користи услугите и пристапот до услугите е забранет. Давателот на услуги е овластен да ги избришете сите датотеки од сметката на клиентот и во иднина да го блокира пристапот до овие датотеки. Крајот на договорот не влијае на времетраење на правата и обврските на страните кои произлегуваат пред истекот на договорот.

12. Промена на договорните одредби

Договорот може да се измени само во писмена форма, во форма на анекс на договорот, потпишан од двете страни. Ова не го повредува правото на давателот на услуги во секое време да ги промени OУП (вклучувајќи ги и правилата). Давателот на услуги ќе го извести клиентот за било каква промена по електронска пошта, како и новата верзија на ОУП која ќе биде поставена на веб сајтот на сервисот и врз основа на писмено барање на клиентот, исто така, испратена и преку електронска пошта. Новата верзија на ОУП мора да ги содржи датумот на поставувањето на веб сајтот и се применува од првиот ден по нејзиното објавување на веб страницата.

Ако клиентот не се согласува со промената во ОУП, тој писмено ги известува своите неодобрувања до давателите на услугата во рок од пет (5) дена од денот на објавувањето. Навремено доставено несогласување е основа за прекинување на сите договорни документи. Доколку клиентот не го извести давателот на услуги во писмена форма за своето несогласување, се смета дека ја прифатил измената и дека таа измена е обврзувачка за клиентот, најкасно во рок од пет дена по објавување на нови верзии на OУП, освен ако тоа не се случи порано врз основа на продолжено користење на услугите од страна на клиентот по објавувањето на измените на ОУП, што се смета за согласност за наведената промена.

13. Известување и испорака

Секоја страна е должна да ја извести другата за некои заеднички договорни односи,по електронски пат каде давателот на услугата испраќа известување до клиентот по неговата електронска адреса. Клиентот го известува давателот на услугата на електронската адреса на системот или marketing@mediasolutions.mk или на друга електронска адреса на давателот на услугата. Освен ако поинаку не е одредено, клиентот мора да биде информиран за сите релевантни информации.

14. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

а. Делумно невалиден договор

Во случај кога некоја одредба на договорот, станува или се смета за невалидна или неостварлива, тоа нема да влијае на валидноста и полноважноста на останатите одредби од договорот. Во таков случај, страните се обврзуваат дека ќе ги заменат неважечките и неприменливите одредби со важечки и применливи, кои во најголема мера одговараат на смислата, значењето и економската цел на одредбите кои се заменуваат.

б. Применливо право и судска надлежност

Договорот и неговото толкување го регулираат законските прописи на Република Македонија. Сите спорови кои произлегуваат од овој договор или во врска со него ќе се решат пред стварно и месно надлежниот Основен суд во Скопје.

в. Целосен договор

Овој договор (вклучувајќи ги ОУП и правилата за неговите измени и дополнувања) го вклучува целосниот договор меѓу страните, кој се однесува на предметот и ги заменува сите претходни, било пишани или вербални договори меѓу двете страни, кои се однесуваат на овој предмет. Кога клиентот го потпишува договорот со давателот на услуги, потврдува дека тој е соодветно информирани со OУП, ја разбира нивната содржина и, без исклучок, се согласува со нив.

г. Постапка

Клиентот не е обврзан без претходна писмена согласност од давателот на услуги ни целосно ни делумно да ги предаде сите права или да има обврски според договорот со давателот на услуги. Давателот на услугата е овластен целосно или делумно да ги исполни сите барања на клиентите од договорот, со кој клиентот се согласува.

д. Односот помеѓу договорот, ОУП и правилата

Ако договорот некои права и обврски различно ги третира од ОУП поголема правна сила имаат одредбите од договорот.

ѓ. Датум на поставување на ОУП на веб страницата www.keepaneye.mk 08.10.2012