За Нас

Keep an Eye е првата автентична македонска платформа за дигитален односно интернет маркетинг. Ја започнавме својата активност 2009 година и успеавме да привлечеме голем број медиуми и огласувачи кои ни веруваат. Во 2010 година под покровителство на Претседателот на Републиката го организиравме Првиот избор на Сајтови на годината во Македонија и секојдневно допринесуваме за развојот на македонскиот веб простор.

Keep an Eye е модерна веб платформа која нуди лесно и ефективно управување со интернет рекламите. Притоа давајќи целосен увид во ефективноста преку деталната статистика. Системот нуди 24 часовно рекламирање на најпознатите и најпосетени македонски веб страници.

Со нашиот систем сите добиваат - и оние кои се рекламираат и оние кај кои се поставуваат рекламите. Нашиот тим е целосно посветен на секој наш клиент и нуди бесплатни консултации при креирањето на интернет маркетинг кампањите и поставувањето на рекламните зони.

За сите прашања и информации слободно контактирајте не